Вртење во круг наместо освежување на Владата

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Вртење во круг наместо освежување на Владата

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од реконструкцијата на Владата и истакна дека сега доаѓа нова фаза од работата на неговиот владин кабинет во која ќе се фокусираат на поголема ефикасност, динамичност и испорака на резултати за граѓаните, а смената на министрите треба да значи нова енергија за ново забрзување. Сепак, по речиси една година од најавата за проветрување на владиниот кабинет, впечаток е дека повеќе станува збор за ротација на функционери отколку на освежува

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од реконструкцијата на Владата и истакна дека сега доаѓа нова фаза од работата на неговиот владин кабинет во која ќе се фокусираат на поголема ефикасност, динамичност и испорака на резултати за граѓаните, а смената на министрите треба да значи нова енергија за ново забрзување. Сепак, по речиси една година од најавата за проветрување на владиниот кабинет, впечаток е дека повеќе станува збор за ротација на функционери отколку на освежување на владиниот кабинет. Од 10 смени и ротации на министерските позиции, се појавуваат само четворица нови ликови. Преостанатите шестмина изминатите две години или биле министри, или заменици министри или директори на јавни институции. Предлог-реконструкцијата на Владата треба до петок да влезе во собраниска процедура и до средината на јули да бидат изгласани новите министри. Со оглед на бројот на ресорите во кои ќе има промени, Собранието ќе гласа како за нова влада. Според најавата на Мицкоски, во септември се очекува освежување на вториот и на третиот владин ешалон. Превирања во Вреди Во подновената влада на Мицкоски нови министри се Јетон Шасивари , предлог на Вреди, кој ќе го предводи ресорот правда на местото на Игор Филков од ЗНАМ, а Агон Ферати од Вреди ќе биде министер за односи меѓу заедниците на местото на Иван Стоилковиќ. Министер без ресор, задолжен за интеграција на Ромите, ќе биде Ерџан Демири од ВМРО-ДПМНЕ на местото на Шабан Салиу, а новиот владин партнер Демократската партија на Турците (ДПТ) треба да добие министерство без ресор. Сепак, според брифинг од висок функционер од Вреди неизвесно е дали Ферати ќе остане во игра за министер за односи меѓу заедниците, бидејќи во партијата има превирања и за таа функција се предлага и Љатиф Арифи , актуелен национален координатор за медиуми во Владата. Забелешките се дека Ферати до вчера не ни бил во Вреди, а сега е предложен за министер. Несогласувањата се очекува да ги надминат копретседателите на Вреди, Изет Меџити и Билал Касами. Од списокот излегува дека всушност се реконструирани пет министри – Игор Филков, Зоран Љутков, Цветан Трипуновски, Азир Алиу и Шабан Салиу, од кои премиерот бил незадоволен од нивната работа или, пак, тие се „умориле“ од министерување, бидејќи вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи веќе си поднесе оставка, а ќе нема нов вицепремиер, туку тој ресор ќе биде во надлежност на Канцеларијата на премиерот, односно наместо министер сега ќе има секретар за добро владеење. За министерот Фатмир Лимани беше јасно дека нема да остане во Владата поради несогласувањата со Вреди. На шест позиции ќе бидат функционери кои и досега беа дел од Владата. Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски , ќе биде новиот министер за здравство, а досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински ќе биде прв човек на Фондот за здравство. Заменикот во ресорот социјална политика, Ѓоко Велковски , сега ќе биде министер во тој ресор, а Иван Стоилковиќ , министерската функција за односи меѓу заедниците ќе ја смени со таа во локална самоуправа. Државниот секретар во ресорот земјоделие, Борче Серафимовски , ќе биде министер во тој ресор, а заменикот во Министерството за култура, Седат Сулејмани , ќе биде новиот министер во тој ресор. Ново партнерство со Демократската партија на Турците По седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека реконструкцијата на Владата означува почеток на нова фаза по изминатите две години работа на Владата, исполнета со сериозни предизвици, поставување темели, стабилизирање на состојбата и спроведување крупни проекти. – Сега доаѓа период во кој фокусот ќе биде уште поголем на ефикасноста, динамичноста и испораката на резултати за граѓаните. Нова енергија за ново забрзување – рече премиерот. Тој нагласи дека секој службеник мора да биде достапен, одговорен и целосно посветен на работата. Со новото партнерство со Демократската партија на Турците, владејачкото мнозинство ќе се зголеми за еден пратеник – Бејџан Иљас. Вреди ќе раководи со шест министерства, од кои три се нови – правда, односи меѓу заедниците и култура (ротирани со ВМРО-ДПМНЕ). ЗНАМ на Максим Димитриевски го изгуби Министерството за правда и го презема Министерството за земјоделие. Димитриевски се пофали дека наесен ќе добијат уште еден заменик-министер во, како што рече, влијателно министерство. Мицкоски потврди дека веќе ги добил предлозите на Вреди и на ЗНАМ за новите министри, дека за него тие предлози се сосема во ред и дека очекува поуспешна работа на новиот владин состав. – Да, ги имам предлозите и за новите министри од Вреди и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам тие да ги кажат, да не ги кажувам јас. За мене тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна работа во новиот состав на Владата – рече Мицкоски. СДСМ: Нè очекуваат предвремени избори, нема пари во државната каса Опозицискиот СДСМ оцени дека реконструкцијата на Владата е „театар бе

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön