Минчев се пофали дека им ги покачил платите на административците и поставил „нови стандарди за модерни институции“

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Минчев се пофали дека им ги покачил платите на административците и поставил „нови стандарди за модерни институции“

Јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен, рече денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев, кој на својот двегодишен отчет се пофали дека поставил реформи за, како што кажа, повисоки плати, професионални раководители и нови стандарди за модерни институции. „Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно спроведување. Не се водевме од краткорочни решенија, туку од потребата да поставиме стабилни т

Јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен, рече денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев, кој на својот двегодишен отчет се пофали дека поставил реформи за, како што кажа, повисоки плати, професионални раководители и нови стандарди за модерни институции. „Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно спроведување. Не се водевме од краткорочни решенија, туку од потребата да поставиме стабилни темели на систем кој со години се соочуваше со одложувања и недовршени процеси“, истакна министерот Минчев. Според него, еден од најзначајните резултати е усвојувањето на трите системски закони во областа на јавната администрација – Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници. Како што кажа, особено значаен сегмент од реформите е подобрувањето на статусот на административните службеници. Во партнерски дијалог, рече тој, со синдикатите постигнат е договор преку колективните договори, со кој е обезбедено континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година. „Реформата на јавната администрација не може да биде успешна без да се грижиме за луѓето кои секојдневно ја носат работата на институциите“, нагласи Минчев. Горан Минчев – Фото Слободен печат – Методи Здравев Го спомена и Законот за високи раководители, со кој, според Минчев, за првпат се воспоставува единствен систем за избор и управување со највисоките раководни позиции во државната администрација. „Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет. Законот опфаќа државни секретари, директори и заменици директори во институциите каде што е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите. Дополнително, со ограничувањето на В.Д. мандатите на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори на три члена, се создава поголема стабилност, ефикасност и рационално користење на јавните средства“, рече тој. Паралелно со законските промени, дополни Минчев, воспоставена е Академијата за јавна администрација „како нов систем за развој на знаењата, компетенциите и професионалниот потенцијал на административните службеници“. „Академијата не ја гледаме само како нова институција, туку како инвестиција во луѓето и мотор на модерната администрација“, истакна министерот Тој наведе дека бил унапреден на Информациониот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, воспоставени се и механизми за следење на Стратегијата за реформа на јавната администрација, имало реформа на инспекцискиот систем, а подобрени биле и процесите за управување со квалитетот во институциите. Владата и синдикатите договорија покачување на платите за 11.000 административци The post Минчев се пофали дека им ги покачил платите на административците и поставил „нови стандарди за модерни институции“ appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön