Камионџија загина кај Кавадарци — при истовар се превртел со камионот и паднал во провалија

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Камионџија загина кај Кавадарци — при истовар се превртел со камионот и паднал во провалија

Тешка несреќа се случила вчера кај Кавадарци откако камион се превртел при истовар на земја и паднал во провалија, а возачот починал на самото место. „На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило ‘ман’ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а

Тешка несреќа се случила вчера кај Кавадарци откако камион се превртел при истовар на земја и паднал во провалија, а возачот починал на самото место. „На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило ‘ман’ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци“, соопшти МВР. Телото и возилото подоцна биле извлечени од страна на алпинистички тим од Специјалната едница „Тигар“, полициски службеници од ОВР Кавадарци и Територијалната противпожарна единица Кавадарци, се додава во соопштението. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци. ФОТО | Тешка сообраќајка кај Плетвар: Еден загинат, превртен камион и колона долга со километри The post Камионџија загина кај Кавадарци — при истовар се превртел со камионот и паднал во провалија appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön