Канада ќе го има своето прво учество на Евровизија следната година
На Денот на Канада беше објавено дека земјата ќе дебитира на Евровизија 2027, која ќе се одржи во Бугарија. Со тоа, Канада станува првата нова држава што му се приклучува на натпреварот по Австралија, која првпат настапи во 2015 година. Можноста за учество доаѓа откако канадскиот јавен радиодифузен сервис Си-би-си/Радио-Канада стана полноправен член на Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Токму полноправното членство во ЕБУ е еден од основните услови за учество на изборот за
На Денот на Канада беше објавено дека земјата ќе дебитира на Евровизија 2027, која ќе се одржи во Бугарија. Со тоа, Канада станува првата нова држава што му се приклучува на натпреварот по Австралија, која првпат настапи во 2015 година. Можноста за учество доаѓа откако канадскиот јавен радиодифузен сервис Си-би-си/Радио-Канада стана полноправен член на Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Токму полноправното членство во ЕБУ е еден од основните услови за учество на изборот за песна на Евровизија. Организаторите ги повикаа сите заинтересирани повеќе информации да побараат на официјалната веб-страница на натпреварот, каде што можат да се приклучат и на заедницата на обожаватели „Еврофан“ за први да ги добиваат најновите вести поврзани со „Евровизија“. View this post on Instagram A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision) Полноправното членство на Си-би-си/Радио-Канада беше одобрено во четвртокот, по гласањето на Генералното собрание на ЕБУ во Прага. Канадскиот јавен сервис беше придружен член на организацијата уште од 1950 година. Иако новиот статус ѝ овозможува на Канада да поднесе пријава за учество на Евровизија, од Си-би-си/Радио-Канада засега не откриваат дали тоа навистина ќе се случи. „Повеќе информации за учеството на ‘Евровизија’ ќе можеме да соопштиме дополнително“, изјави во електронска порака портпаролот на Си-би-си/Радио-Канада, Леон Мар . Сите досегашни македонски претставници на Евровизија: „Proud“ нѐ направи горди, а цела Европа танцуваше на „Нинанајна“ The post Канада ќе го има своето прво учество на Евровизија следната година appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →