Политичката кариера на Мицкоски како влог за дијаспората да гласа електронски
Нема договор за измените на Изборниот законик и по два дена разговори на координаторите на пратеничките групи. Спорно остана електронското гласање на дијаспората кое беше црвената линија на ВМРО-ДПМНЕ за договор за Изборниот законик, барање кое е целосно неприфатливо за СДСМ. Премиерот Христијан Мицкоски дури ја „вложи“ и својата политичка кариера со гаранција дека нема да се кандидира за шеф на државата само дијаспората да може електронски да гласа. Лидерот на СДСМ Венко Фил
Нема договор за измените на Изборниот законик и по два дена разговори на координаторите на пратеничките групи. Спорно остана електронското гласање на дијаспората кое беше црвената линија на ВМРО-ДПМНЕ за договор за Изборниот законик, барање кое е целосно неприфатливо за СДСМ. Премиерот Христијан Мицкоски дури ја „вложи“ и својата политичка кариера со гаранција дека нема да се кандидира за шеф на државата само дијаспората да може електронски да гласа. Лидерот на СДСМ Венко Филипче е дециден дека блокада на Изборниот законик со илјадници амандмани ќе има, бидејќи со електронското гласање на дијаспората се доведува под прашалник легитимноста на изборите. Мицкоски рече дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќаат предлозите на СДСМ и на Левица, освен електронското гласање за дијаспората. – Немам намера да се кандидирам во 2029 година за претседател на државата. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет (Мицкоски е професор на Машинскиот факултет – н.з.). Кога зборувам за прифаќање на нивните предлози, сè што ќе предложат, ќе им прифатиме, освен гласањето на дијаспората. Мораме сите заеднички, бидејќи сите го правевме, да се потпишеме како поднесок на истиот тој закон – изјави Мицкоски. https://www.slobodenpecat.mk/mickoski-eve-neka-%d1%9d-olesni-na-opozicijata-nema-da-se-kandidiram-za-shef-na-drzhavata-neka-poddrzhat-dijasporata-da-glasa-elektronski/ Мицкоски: Левица ја интересираат само пари Тој потсети дека Левица учествувала во целиот процес на договарање на овој закон и дека работната група прифатила сè што побарале. Мицкоски рече дека Левица ја интересираат само пари. – Всушност, нивниот главен фокус беше на финансирањето на кампањата. Сè што побараа им беше прифатено. Усогласено беше со сите со кои преговараа. Впрочем, има и записници. Сега ние не можеме да зборуваме едно зад завеса, а друго да правиме пред неа. Каде настана проблемот? Тогаш кога политичката партија рече ние нема да се потпишеме, вие потпишете се. Ние нема да правиме филибастеринг, вие слободно гласајте го и така да помине. Каква порака испраќаат со тоа? Ние го добивме она што го сакаме. Работевме цело време најлицемерно, сега откажуваме за да се прикажеме пред оние што нè поддржуваат дека, еве, ние сме тврдокорните, а во суштина како мачиња сè си прифатија за време на дебатата. Тоа е таа лицемерна политика што континуирано оваа политичка партија ја води. И еве да им олеснам, бидејќи гледам дека во јавноста шпекулираат со тоа дека јас сум предложил дијаспората да биде вклучена во гласањето, што е природно, на електронски начин од следните претседателски избори во 2029 година, па јас ќе сум се кандидирал, па затоа тоа сум го предложил. Нема да се кандидирам – рече Мицкоски. Тој рече дека кога ќе му заврши мандатот претседател на Владата, ќе се врати на факултет меѓу студентите. За барањата на СДСМ, рече дека ќе ги прифатат, освен тоа за дијаспората. – Ние многу јасно кажавме, освен делот со дијаспората, кажете – сè што треба, ќе прифатиме. Немаме проблем, затоа што ние цениме дека нашата дијаспора треба да си го оствари своето право по електронски пат. Зборувам за оние што се на Избирачкиот список и оние што поседуваат македонски пасоши. Сè друго што ќе кажат, така ќе прифатиме – рече Мицкоски. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за „Слободен печат“ изјави дека ќе ја закажат Комисијата за политички систем и, според најавите на СДСМ и на Левица за илјадници амандмани, очекува дека Изборниот законик ќе остане блокиран и дека на следните парламентарни избори ќе се оди со постоечките изборни правила. – За жал, и вториот ден од разговорите меѓу координаторите на пратеничките групи и на пратеници кои немаат пратенички групи за Изборниот законик не успеавме да дојдеме до договор, иако имаше ретерирање во одредени ставови помеѓу сите пратенички групи. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите забелешки кои ги има и ДУИ и Левица. Беа тргнати одредени членови кои беа спорни, но не успеавме да ги убедиме СДСМ да ретерираат за гласањето на дијаспората. Со тоа сметаме дека разговорите се завршени и дека денеска ќе ја закажеме Комисијата за политички систем на која очекувам дека ќе бидат поднесени амандмани од СДСМ и од Левица. За колкав број на амандмани се работи, ќе видиме на самата седница. За жал, четиримесечната работа на работната група која консензуално работеше на Изборниот законик не успеа да го види светлото на денот од причина што СДСМ не се согласи дијаспората да гласа електронски – изјави Мицевски за „Слободен печат. https://www.slobodenpecat.mk/nema-dogovor-za-izborniot-zakonik-sleduva-blokada-so-iljadnici-amandmani/ Ова значи дека на следните избори ќе важи постоечкиот Изборен законик. ЛДП: Зошто електронски да не гласаат и гласачите дома? Токму електронското гласање на дијаспората е неприфатливо за СДСМ, бидејќи стравуваат од изборни манипулации зашто не се нудат заштитни механизми за лицата ко
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →