Ги исполнува ли Златко Перински условите за образование за да биде директор на Фондот за здравство?

💻 Teknoloji 📰 North Macedonia 🕐 2 saat önce
Ги исполнува ли Златко Перински условите за образование за да биде директор на Фондот за здравство?

Досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински е избор на Владата за нов директор на Фондот за здравство на местото на Сашо Клековски кој со реконструкцијата станува министер за здравство. Законот за здравствено осигурување, во член 57 пропишува директорот да има најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – високо образование од областа на менаџментот, економските науки, финансиите, бизнис администрацијата, менаџмент со јавното здравство, медицински

Досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински е избор на Владата за нов директор на Фондот за здравство на местото на Сашо Клековски кој со реконструкцијата станува министер за здравство. Законот за здравствено осигурување, во член 57 пропишува директорот да има најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – високо образование од областа на менаџментот, економските науки, финансиите, бизнис администрацијата, менаџмент со јавното здравство, медицинските науки или правните науки. Перински според неговата биографија дипломирал на Факултетот за физичка култура при УКИМ каде се стекнал со титулата дипломиран професор и тренер. На Универзитетот за туризам и менаџмент се стекнал со магистерска диплома по менаџмент на човечки ресурси. Токму поради оваа комбинација на факултетско образование во областа на спортот, со магистратура од менаџмент на човечки ресурси, не ни беше јасно дали законскиот услов за образованието на новиот директор кореспондира со условите наведени во Законот, па прашавме во Владата. Оттаму добивме одговор дека Перински е назначен за в.д. директор. Инаку Собранието минатата недела го усвои Законот за високи раководители со кој се ветуваше дека најдобрите и најдобро-рангираните на конкурс ќе раководат со Фондовите и Агенциите и тоа од редот на вработените. Назначувањето на директор на Фондот за здравствено осигурување е дел од процесот на реконструкција и кадровско екипирање на институциите, кој Владата го спроведува согласно законски надлежности и утврдени процедури, но и подразбира политички процес чиј легитимитет се добива на избори. Во конкретниот случај, станува збор ново кадровско решение што е законски механизам кој овозможува непречено функционирање на институцијата до завршување на редовната постапка за избор на директор. Во следната фаза ќе биде спроведена постапката предвидена со закон. Оттука, прашањата кои се однесуваат на јавниот оглас, бројот на пријавени кандидати, составот на комисијата и биографиите на кандидатите не се применливи во оваа фаза. Целта на ова решение е да се обезбеди континуитет во работата на Фондот за здравствено осигурување и непречено функционирање на здравствениот систем, а како Влада целосно ќе ги запазиме законските процедури, велат од Владата за „Слободен печат“. The post Ги исполнува ли Златко Перински условите за образование за да биде директор на Фондот за здравство? appeared first on Слободен печат .

#app

📌 Kaynak

Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.

Orijinal haberi oku →
📱
News AI World — Mobil uygulama
Bu haberleri 45 dilde, anlık çeviriyle cebinde. Erken erişim için Gmail adresini bırak.
← Tüm haberlere dön