Германија е под закана — шпиони и екстремисти планираат напади
Германија е изложена на сериозни закани како од внатрешни, така и од надворешни фактори – шпионажа, сајбер напади, десен и лев екстремизам, како и исламизам. Прашањето што се наметнува е дали контраразузнавачката служба е подготвена да одговори на овие предизвици. Опсегот на заканите може јасно да се согледа од статистиките што ги објави Сојузната служба за заштита на уставниот поредок (БфВ) во својот годишен извештај за 2025 година, претставен во вторникот во Берлин. Регистр
Германија е изложена на сериозни закани како од внатрешни, така и од надворешни фактори – шпионажа, сајбер напади, десен и лев екстремизам, како и исламизам. Прашањето што се наметнува е дали контраразузнавачката служба е подготвена да одговори на овие предизвици. Опсегот на заканите може јасно да се согледа од статистиките што ги објави Сојузната служба за заштита на уставниот поредок (БфВ) во својот годишен извештај за 2025 година, претставен во вторникот во Берлин. Регистрирани се речиси 59.000 кривични дела со екстремистичка позадина, што е за над 1.100 повеќе во однос на претходната година. Особено загрижувачки е фактот што бројот на насилни дејства пораснал за околу 10 проценти и достигнал речиси 3.300 случаи. Русија, Кина и Иран со засилени активности Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт (ЦСУ), истакнува дека заканите се резултат на зголемените странски активности во земјата. Тој, во присуство на претседателот на Сојузната служба за заштита на уставниот поредок, Синан Селен, нагласи: — Се зголемуваат странските активности во Германија. Има повеќе информации за подготвувани напади. Расте и бројот на екстремисти подготвени на насилство. Според неговите зборови, најголемата надворешна закана сè уште доаѓа од Русија. Како пример, Добринт го посочи случајот со тројца мажи кои веќе се осудени за шпионажа. — Тие наводно, по налог на руските разузнавачки служби, имале задача да набљудуваат железнички линии и инфраструктура и да планираат можни напади — изјави министерот. Во извештајот значајно место заземаат и Кина и Иран, но нивните активности се насочени кон други сфери – особено економска шпионажа и заплашување државјани од овие земји кои живеат во егзил. Десниот екстремизам – најголема закана за демократијата Според проценките на Добринт и Селен, најголемата опасност за демократијата и општествената кохезија доаѓа од десниот екстремизам. Особено загрижувачко е што сцената станува сè помлада, поорганизирана и поактивна. Слични трендови се забележуваат и кај левиот екстремизам. Големо внимание во извештајот е посветено и на партијата Алтернатива за Германија (АфД), која во пет од 16 сојузни покраини е класифицирана како „проверено десноекстремистичка“. Според БфВ, во партијата продолжува процесот на „идеолошка хомогенизација“, при што нејзиниот светоглед се темели на етничко и на родословно дефинирање на народот – концепт што е спротивен на уставното разбирање на нацијата. Оваа проценка е потврдена и во неодамна објавеното правно мислење на организацијата „Општество за граѓански права“, која финансира своја работа преку донации. Според нивната анализа, АфД јасно ги прекршува уставните принципи. Министерот Добринт засега одбива да коментира, бидејќи неговото министерство сè уште го разгледува документот. Дебата за можна забрана на АфД И покрај овие наоди, министерот за внатрешни работи сè уште не поддржува иницирање постапка за забрана на АфД пред Сојузниот уставен суд. Такво барање може да поднесе сојузната влада, како и Бундестагот или Бундесратот. Добринт посочува дека доказите наведени во извештајот на организацијата „Општество за граѓански права“ се јавно достапни и веќе им биле познати на безбедносните служби. БфВ и претходно изготвил сопствено мислење во кое ја оценува АфД како целосно десноекстремистичка организација. Сепак, по тужба на партијата пред Управниот суд во Келн, службата беше принудена привремено да ја повлече оваа класификација. Конечната судска одлука сè уште не е донесена. Планови за зајакнување на разузнавачките служби „Германија е под притисок“, предупредува Добринт, додавајќи дека државата е подготвена да се брани, но мора дополнително да ги зајакне своите капацитети – и технички и во однос на истражните овластувања. Тој бара Бундестагот што побрзо да донесе законски измени кои ќе овозможат поинтензивен надзор на дигиталните комуникации и подолго чување на податоците. Целта, според него, е германските служби – како контраразузнавачката служба, така и Сојузната разузнавачка служба (БНД) – да се трансформираат во „вистински разузнавачки служби“. Претседателот на БгВ, Селен, смета дека тоа подразбира можност за активно преземање мерки за спречување закани, а не само нивно набљудување. #Verfassungsschutzbericht : Höchststand von extremistischen #Straftaten in Deutschland – Die #DPolG appelliert an die Politik, #Sicherheitsbehörden weiter finanziell und personell zu stärken und sie mit den notwendigen rechtlichen Befugnissen auszustatten. https://t.co/21rop1XNuC — DPolG Bund (@DPolGBund) June 30, 2026 Тој зборува за концепт заснован на три столба: откривање (детекција), неутрализирање (дисрупција) и превенција. — Ако сакаме да одговориме на хибридните закани, мора да дејствуваме во овој циклус и на меѓународно ниво — истакна Селен, алудирајќи на размената на информации меѓу сојузничките служби. Барање за поголеми овластувања и критики од опозицијата Во споредба со з
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →