Тома Стојаноски: Сакаме две победи против Ирска и Луксембург
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од подготовките пред клучните натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Во составот на селекторот Жозеп Мариа Берокал повторно е и Тома Стојаноски, кој е подготвен да го даде својот придонес во сениорскиот национален тим. Крилниот кошаркар зад себе има комплетен период на подготовки, а фокусот сега е насочен кон првиот предизвик – дуелот против Ирска. Макед
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од подготовките пред клучните натпревари од јулскиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Во составот на селекторот Жозеп Мариа Берокал повторно е и Тома Стојаноски, кој е подготвен да го даде својот придонес во сениорскиот национален тим. Крилниот кошаркар зад себе има комплетен период на подготовки, а фокусот сега е насочен кон првиот предизвик – дуелот против Ирска. Македонија в четврток (2 јули) од 18.00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје ја пречекува Ирска, додека три дена подоцна следува гостувањето кај Луксембург. – Атмосферата е одлична. Имавме два пријателски натпревари, од кои првиот не заврши позитивно за нас, но во меѓувреме се рекупериравме. Ни се приклучија и двајцата наши натурализирани играчи, а од тимот кој настапи на контролата во Самоков, сега ги имаме и Јакимовски и Војдан Стојановски – вели Стојаноски. Репрезентативецот смета дека тимот е подготвен за предизвикот и има јасна цел во претстојните два натпревари. Воедно, открива дека стручниот штаб веќе детално го анализирал противникот и очекува поинаков состав од оној со кој Македонија се соочи во претходниот дуел. – Во изминатиот период направивме добри тренинзи и скаутинг со стручниот штаб. Мислам дека имаме добра и солидна екипа со која сакаме две победи во овој „прозорец“. Прва задача ни е Ирска, прво да завршиме работа со нив, а потоа ќе мислиме на Луксембург. Ирска има скоро шест до седум нови играчи. Се работи за помлади имиња кои играат во американската колеџ-лига. Ги видовме повеќето од нив преку видео-анализата. Играат брза кошарка, а ние мораме први да го поставиме темпото и да дојдеме до победа пред нашата публика – рече Стојаноски. Македонија го очекува продолжението од претквалификациите со јасна цел – максимален учинок во домашниот дуел со Ирска и гостувањето кај Луксембург. The post Тома Стојаноски: Сакаме две победи против Ирска и Луксембург appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →