„Можеш да смислиш нешто поглупаво? Да не ти е жешко?“ – хрватскиот претседател Милановиќ влезе во кавга со новинарите
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ повторно влезе во жестока расправија со новинарите, откако беше прашан за неговата одлука да не дозволи припадници на Хрватската војска да учествуваат на воената парада во Париз, пренесе Индекс. Најостар беше кон новинарот Томислав Краснец, кого го нарече лобист, додека на новинарката Ивана Пезо Москаљов ѝ порача дека не поставува прашања, туку агитира. Таа го праша зошто не му дозволува на началникот на Главниот штаб да биде војник и са
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ повторно влезе во жестока расправија со новинарите, откако беше прашан за неговата одлука да не дозволи припадници на Хрватската војска да учествуваат на воената парада во Париз, пренесе Индекс. Најостар беше кон новинарот Томислав Краснец, кого го нарече лобист, додека на новинарката Ивана Пезо Москаљов ѝ порача дека не поставува прашања, туку агитира. Таа го праша зошто не му дозволува на началникот на Главниот штаб да биде војник и самостојно да постапи, на што Милановиќ бурно реагираше. „Секој пат доаѓате да викате“, рече Милановиќ, а потоа додаде: „Можете ли да смислите уште нешто поглупаво? Да не ви е жешко?“ Во позадина на расправијата е спорот меѓу Милановиќ и хрватската влада околу тоа дали хрватски војници треба да заминат на парадата во Париз по повод Денот на падот на Бастилја. Милановиќ тврди дека, како врховен командант, тој го има последниот збор и дека началникот на Главниот штаб мора да ја спроведе неговата наредба. Тој повтори дека учеството на парадата не го смета за обична протоколарна активност, туку за дел од поширока политичко-воена иницијатива во која Хрватска, според него, не треба да учествува. Милановиќ остро ја критикуваше и владата, особено министерот за одбрана, порачувајќи дека заканите кон началникот на Главниот штаб се политички притисок. На крајот порача дека последици ќе имаат и министерот Анушиќ и ХДЗ, без да објасни што точно подразбира под тоа. Израел ги скара претседателот и премиерот на Хрватска The post „Можеш да смислиш нешто поглупаво? Да не ти е жешко?“ – хрватскиот претседател Милановиќ влезе во кавга со новинарите appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →