Само една асистенција го дели Олисе од рекордот на Пеле
Францускиот репрезентативец Мајкл Олисе продолжува да биде еден од најважните играчи на својот национален тим на Светското фудбалско првенство. По неговите две асистенции во победата од 3:0 над Шведска, играчот за врска во нападот сега има пет асистенции на Мундијалот, само една помалку од рекордот на Пеле. Иако не постигна гол во натпреварот против Швеѓаните, Олисе повторно беше клучен играч во убедливиот настап на Французите. Со своите нови две асистенции, тој го зголеми св
Францускиот репрезентативец Мајкл Олисе продолжува да биде еден од најважните играчи на својот национален тим на Светското фудбалско првенство. По неговите две асистенции во победата од 3:0 над Шведска, играчот за врска во нападот сега има пет асистенции на Мундијалот, само една помалку од рекордот на Пеле. Иако не постигна гол во натпреварот против Швеѓаните, Олисе повторно беше клучен играч во убедливиот настап на Французите. Со своите нови две асистенции, тој го зголеми својот број од почетокот на Светското првенство, откако претходно асистираше двапати во триумфот над Ирак и уште еднаш во првиот натпревар на Франција против Сенегал (3:1). Откако Опта води ваква статистика, само еден играч има запишано повеќе асистенции на едно Светско првенство. На врвот е Пеле, кој во 1970 година асистираше за шест гола за своите соиграчи и му помогна на Бразил да ја освои третата светска титула. The post Само една асистенција го дели Олисе од рекордот на Пеле appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →