Клиниката за онкологија плива во вода, исклучени се апаратите за радиотерапија
Силното невреме што го зафати Скопје предизвика проблеми и во Клиниката за онкологија. Според досегашните информации, водата навлегла во долниот кат од објектот, каде што се изведуваат третманите со радиотерапија. Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, потврди дека веднаш по настанот биле исклучени сите апарати за радиотерапија. Со тоа, како што посочи, била спречена поголема опасност. Стојковски нагласи дека Клиниката е во постојана комуникација со Агенцијата за радијацио
Силното невреме што го зафати Скопје предизвика проблеми и во Клиниката за онкологија. Според досегашните информации, водата навлегла во долниот кат од објектот, каде што се изведуваат третманите со радиотерапија. Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, потврди дека веднаш по настанот биле исклучени сите апарати за радиотерапија. Со тоа, како што посочи, била спречена поголема опасност. Стојковски нагласи дека Клиниката е во постојана комуникација со Агенцијата за радијациона сигурност и увери дека ниту еден пациент не е изложен на ризик. Пациенти кои биле присутни во објектот велат дека по навлегувањето на водата во ходниците биле поставени ќебиња и чаршафи, со цел да се впие водата и да се олесни санацијата на просториите. Засега не е познато колкава материјална штета е причинета, а надлежните служби работат на целосно санирање на последиците од поплавата. ВИДЕО+ФОТО | Невреме во Скопје, улиците поплавени, сообраќајот во хаос The post Клиниката за онкологија плива во вода, исклучени се апаратите за радиотерапија appeared first on Слободен печат .
📌 Kaynak
Bu haber XML kaynağından derlenmiştir. Tamamı için orijinal habere gidin.
Orijinal haberi oku →